Го следеле, па го сопреле: Прилепчанец уапсен за шврец

 

Денеска полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на патот Демир Хисар – Кичево сопреле товарно моторно возило “цитроен” со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(39) од Прилеп.

При преглед на возилото била пронајдена акцизна стока – 26 паковки тутун со вкупна маса од 13 килограми, како и различен вид на текстил.

Тутунот е одземен и предаден на Царинска управа Битола, а возилото со текстилот е предадено на Царински терминал Битола за понатамошна постапка. С.Б. е лишен од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

30.05.2025 - 19:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега