„Провизии што чинат живот“ – ВМРО-ДПМНЕ најавува разоткривање на вистинската одговорност за трагедијата во Тетово
ВМРО-ДПМНЕ вечерва преку соопштение најавува серија прес конференции на кои, како што велат, ќе биде презентирана вистината за изгорената модуларна болница во која загинаа 14 лица.
Тие најавуваат прес конференција во точно 12 часот.
„Вистината за модуларната болница, провизии што чинат животи, утре прес-конференција во 12 часот. „Провизии кои чинат животи“ аферата што ќе ја разоткрие вистинската одговорност за трагедијата во Тетово. 14 животи згаснаа. Одговорност мора да има кај вистинските виновници. Кој дозволи да се градат болници од неогноотпорни материјали? Кој потпишуваше? Кој молчеше? Кој профитираше? Следете нè, утре со почеток во 12 часот, на прес-конференција од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, започнува серија на прес-конференции што ќе ја откријат целата вистина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа