Се запали автобус со 45 туристи во Бугарија

 


Автобус со 45 романски туристи се запали денеска на патот Варна-Бургас, во близина на селото Рудник. Инцидентот бил пријавен околу 15:45 часот, пренесе Фокус.

Според првичните информации, пожарот избувнал во задниот дел на возилото. За да се овозможи интервенција и да се отстрани возилото, сообраќајот на оваа делница бил целосно затворен во двата правци.

Сè уште нема информации за евентуални повредени лица, а причините за пожарот се во тек на истрага.

03.09.2025 - 20:38

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега