Петрушевски: Целиот разузнавачки систем бил ставен во функција против Мицкоски
Целиот разузнавачки систем бил ставен во функција против претседателот Мицкоски, а со цел задржување на СДС на власт. Пет години претседателот Мицкоски бил таргет на АНБ и АР, бил следен и прислушкуван, и секој негов чекор бил документиран, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на пратеникот Бране Петрушевски, која ја пренесуваме интегрално.
СДС преку АНБ и АР воделе политичка битка.
Службите за безбедност и разузнавање биле целосно злоупотребени.
И сега кога се фатени на дело, СДС наместо да се извинат, продолжуваат да сеат магла.
Целиот систем на СДС е демаскиран. Злоупотребени се АНБ и АР, но и ЈО, кое преку Љупчо Коцевски ги следело мерките.
Не е чудо, што народот има 2% доверба во судството и обвинителството, кога токму тие институции биле дел од системот за следење и прислушкување на политички противници на СДС наместо да работат во служба на граѓаните.
За прислушкувањето и следењето мора да има одговорност. Овој случај не смее да помине неказнет, за никогаш повеќе да не се повтори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа