Арсовска достави документи до Обвинителството за дивоградбите во Чаир
Не очекувам Обвинителството да влезе во општина Чаир. И да влезат, ќе речат не нашле ништо, бидејќи сѐ е избришано. Но во понеделник ќе дојдеме со 150 документи, бидејќи до понеделник не можат толку да избришат. Тука ги чекавме.
Ова го кажа градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска на прес-конференција пред да достави докази до Основното јавно обвинителство (ОЈО) во врска со легализирани дивоградби во Чаир.
Рече дека повикот од Обвинителството го дознала утрово од медиумите. Кажа дека документацијата, односно доказите би требало да бидат добавени од Обвинителството по службена должност, бидејќи како што рече, Град Скопје има пуштено 15 соопштенија и сите наводи се јавно објавени.
Според документацијата која што ја поседува Град Скопје од Катастарот за недвижнини, градоначалничката појасни дека може да се увиди дека биле упишани имотни листови спротивно на закон и без знаење и согласност од Град Скопје.
– Откако видовме дека е извршен овој упис спротивно на законот и без знаење и согласност од Град Скопје веднаш постапивме и ја известивме целокупната јавност. За истово ова трета година известуваме имаме информации пишани кои што ги доставуваме до Општина Чаир која што би требало по пристигање на нашата реакција да пристапи со рушење на дивоградбите кои што се обидел претходно да ги легализира, за кои требало да знае, морал да знае, односно знаел дека не може да се легализираат согласно закон и нема никаква реакција од таа страна, бевме приморани бидејќи го фативме и овој фалсификат, односно запишување од негова страна во катастарот базирана на неверодостојна исправа со која што лично се обидува да каже дека имал документација од Град Скопје дека е платен надоместок, а не е. Што значи приложил целосен фалсификат во катастарот, нагласи Арсовска.
Откако на 27 мај алармирале на терен за дивоградбата која што градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу ја упишал врз база на фалсификати, градоначалничката тврди дека еден час подоцна Ганиу изготвил решение за поништување на сопственото решение и го поднесол до Катастарот за недвижнини за да го избрише случајот за подоцна да може да ја уништи целата документација.
– Доказ дека има направено кривично дело е тоа што го направи во изминатите денови. Да појаснам, на 27 мај откако излеговме на терен да алармираме за дивоградбата која што ја упишал базирана на фалсификати, еден час по нашето јавно излегување, додека се уште сме на терен и го чекаме Висар Ганиу да дојде и да ни ја презентира документација врз која што го извршил тоа запишување, тој прави решение за поништување на сопственото решение и го поднесува до Катастарот за недвижнини за да го избрише случајот за да може понатаму да ја уништи целата документација. Веднаш после еден ден, односно по помалку од 24 часа од приемот на документацијата во Катастарот на недвижнини во Град Скопје, самиот Катастар знаеше дека се неверодостојни, рече Арсовска.
На новинарско прашање за тоа што очекува од Обвинителството, со оглед на нејзините тврдења дека во меѓувреме се уништуваат докази и дали се чувствува заштитено од државата Арсовска кусо одговори „од која држава, од овој којшто дозволува да се легализираат објекти кои што вредат милиони евра на грбот на граѓаните?“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа