13-годишно девојче од Радовиш отишло во болница - од таму веднаш повикале полиција

 


Утрово во 04.25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишиле од слобода И.А.(46) и А.А.(21) од село радовишко, а по претходна пријава на лекар од Итна медицинска помош Радовиш дека кај нив за укажување на лекарска помош се јавила тринаесет годишна малолетничка од радовишко, која имала повреди на телото коишто по нејзино кажување и биле нанесени од нејзиниот татко И.А. и нејзиниот брат А.А.

За случајот е запознаен Јавен обвинител од ОЈО Струмица, по чии насоки се преземени мерки за расчистување на случајот. Извршен е разговор со малолетничката од страна на вработен во Меѓуопштински центар за социјални работи Радовиш, и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

20.07.2025 - 13:55

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега