Руски амбасадор: САД го отвораат патот за нуклеарен конфликт


Со охрабрување на Украина да ја таргетира Русија со американско оружје, САД го отвораат патот за нуклеарен конфликт, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов.

– Принуден сум уште еднаш да ве потсетам за можната одлука на Соединетите Американски Држави да ги поттикнат Украинците да користат американски системи со долг дострел за гаѓање длабоко во руска територија. Ова е сериозен чекор не само кон ескалација, туку и кон патот што администрацијата го трасира за нуклеарен конфликт – изјави Антонов за Први Канал.

Тој посочи дека мора да се направи се, за да се избегне нуклеарен конфликт, бидејќи во таков конфликт нема да има победници.

– За ваквата одлука одговорни се центрите за одлучување, кои исто така се наоѓаат тука – заклучи дипломатот.

Медиумите потсетуваат дека рускиот претседател Владимир Путин претходно предупреди дека Русија го задржува правото да користи нуклеарно оружје во случај на агресија врз неа, меѓу другото, ако непријателот користи конвенционално оружје – ако тоа претставува закана за виталните интереси на државата.

04.10.2024 - 12:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега