Мицкоски за излегувањето на Тачи од Европскиот фронт: Не би сакал да ги „облекувам нивните чевли“
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не сака да ги коментира случувањата во опозицискиот „Европски фронт“, нагласувајќи дека тоа што за него, како претседател на Влада е важно, е дека „има стабилна ситуација, една одлична хемија“ и заедничка цел - да направат подобро место за живеење.
Прашан за коментар за одлуката на Мендух Тачи да ја напушти коалицијата „Европски фронт“, Мицкоски рече дека не би сакал да ги „облекува нивните чевли“ и да ги коментира.
– Претпоставувам повеќе одговори на ова што се случуваше во текот на вчерашниот ден ќе добиете од самите актери во опозицијата. Но, она што е важно за мене како претседател на Владата е дека имаме една стабилна ситуација, имаме една одлична хемија. Не секогаш, логично е да немаме исти мислења за исти теми, впрочем и во едно семејство постојат разлики, а не па во една ваква сложена институција каква што е владината коалиција. Но, она што е важно е дека имаме заедничка цел, а тоа е да направиме подобро место за живеење, изјава Мицкоски, кој заедно со министерот за одбрана, Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, американската амбасадорка Анџела Агелер и генералите во Армијата, присуствуваа на методско-показна вежба на Армискиот полигон „Криволак“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа