61-годишната прворотка останала бремена со сопствена замрзната јајце-клетка
Во светот на медицината повеќе не постојат граници и македонската медицина може да се мери со онаа во светот, изјави пред новинарите директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиоска-Папестиев, по повод раѓањето бебе од највозрасната мајка во државата – 61-годишна проворотка.
Бебето се вика Петар, а 61-годишната мајка останала бремена со сопствена јајце-клетка, која била замрзната.
Жената е породена со царски рез, бременоста ѝ била следена во Македонија, а раѓањето е завршено на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, изјави директорката.
Петар е тежок 2 килограма и 350 грама и долг 48 сантиметри.
Алексиоска-Папестиев изјави дека пациентката претходно имала три интервенции, од кои две во Белград, а една на ГАК.
Во текот на бременоста, која била контролирана, имала висок притисок и шеќерна болест, но сè поминало во најдобар ред.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа