Жолт метео аларм: Опасност од невреме во Скопје и околината
Целата теиторија на Македонија денеска е со жолто метео предупредување како опаност пред се од силен ветер, а во некои региони и од грмотевици и врнежи од дожд.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта кога и понатаму ќе биде ветровито. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на циклонска активност и во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Особено во ноќта кон сабота и потоа преку денот врнежите ќе бидат пообилни над 30 литри на квадратен метар, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер кој ќе дува повремено и со брзина од над 70 километри на час. На почетокот на следната недела ќе биде стабилно со сончеви периоди во денот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа