Хаос во Идризово: Чувари ги криеле затворениците во бегство
Денеска Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до ОЈО за ГОКК против шест лица, сите припадници на затворската полиција, вработени во КПУ-КПД Идризово и тоа: И.И. (37), Ј.А. (36), И.Ј. (50), Д.П. (34), Ф.Б. (31) и В.Т. (36), за сторено кривично дело „Овозможување бегство на лице лишено од слобода“ предвидено и казниво по член 372 став 2 од КЗ.
Пријавените И.И. и Ј.А. во својство на службени лица-затворски полицајци вработени во КПУ-КПД Идризово на 01.02.2023, додека ги извршувале работните задачи во Отворено одделение, со давање лажни податоци/изјава спрема раководните затворски полицајци, им овозможиле на група осудени лица да бидат надвор од рамките на затворот, спротивно на судски пресуди според кои требало да издржуваат казна затвор во КПУ-КПД Идризово, на начин што при утврдување на бројната состојба на осудени лица во отворено одделение во КПУ-КПД Идризово имало седум отсутни лица од установата, додека И.И. и Ј.А. констатирале дека сите осудени лица биле присутни, за што усно ги известиле командирите , овозможувајќи им бегство на осудените лица: Ј.Р., И.Ј., Н.Б., С.С., Р.К., И.Р. и Е.С..
Пријавените И.Ј., Д.П., Ф.Б. и В.Т. на истиот ден работно ангажирани на работни позиции во установата, не преземале дејствија за да го задржат осуденото лице Р.К. да го напушти затворот, кој пред нив се упатил кон вратата од пријавницата и избегал. Пријавените затворски полицајци постапиле спротивно на процедурите, надлежностите и работните задачи и обврски за обезбедување, со што сториле кривично дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по член 372 став 2 од КЗ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа