Хаос во Гази Баба: Скопјанец физички ја нападнал братучетката, па нејзиниот сопруг, по што продолжил да ги напаѓа соседите


Вчера во 18 часот во СВР Скопје, 20-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 09:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, нејзиниот братучед Б.А.(22) и се заканил со остар предмет.

Потоа тој оштетил дел од покуќнината и се обидел да го нападне нејзиниот сопруг, а потоа во дворот физички ја нападнал неа, како и соседите Ѓ.И.(41), А.Д.(48) и А.М.(63).

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

26.09.2024 - 23:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега