Таткото на Данка Илиќ проговори по сослушувањето на Драгијевиќ

 

Дејан Драгијевиќ, осомничен за убиство на девојчето во Бањско Поле, сега ги негира сите обвинувања против него, а по неговото сослушување, се огласи и таткото на Данка Илиќ, Милош.

По изнесените лични податоци и деталите за движењата на кобниот ден на Данка Илиќ, Драгијевиќ ја смени приказната тврдејќи дека не ја убил ниту, пак, ја видел на патот во Бањско Поле.

Уште поголем скандал на денешното судење е тоа што изјавил дека не го давел, ниту го ставил девојчето во автомобил, а не го флили ни телото на депонија.

Оваа драматична промена во изјавата на осомничениот предизвикува дополнително внимание во јавноста и остава отворени многу прашања.

По оваа информација, која ја пренесоа српските медиуми, се огласи и таткото на Данка Илиќ, Милош.

„Овде гледаш проста работа, да не речам селска. А тие адвокати, кои ги учат што да прават во ваков случај, треба да се срамат од дипломите. Сè ќе излезе на видело еден ден“, рече тој.

11.07.2024 - 16:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега