Се зголемуваат гужвите на Табановце и Богородица, познато колку се чека
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти АМСМ.
„На граничниот премин “Табановце” времето на чекање за влез во државата изнесува околу 45 минути. На граничниот премин “Богородица” времето на чекање за излез од државата изнесува околу 45 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, стои во соопштението на АМСМ.
01.07.2024 - 13:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа