Пак: Грција е премногу тврдоглава во ‘идиотската“ битка која ја води околу името
Германската европратеничка од редовите на Народните партии, Дорис Пак во изјава за Дојче Веле изјави дека Грција се однесува тврдоглаво и дека нема друго решение за грчко-македонскиот спор освен да се убеди грција.
- Сѐ зависи од грчката добра волја. Сѐ уште се надевам дека под грчкото претседателство со ЕУ, ќе успееме да ѝ укажеме дека нејзиното однесување воопшто не е европско. И дека во нејзин сопствен интерес е да му се помогне на својот сосед да ја подобри неговата ситуација, вели Пак
Таа додава дека е сигурна дека Советот сакаше да го повтори и каже истото, но го има противењето на една држава членка, која не се однесува како што треба. Бидејќи ‘идиотската“ битка околу името Македонија, нема никаква смисла за почетокот на преговорите, наведува Дорис Пак.
- Можам да кажам дека Грција е премногу тврдоглава. Европскиот парламент направи сѐ што можеше и се обиде да им стави до знаење на Грците, дека ако се однесуваат на ваков начин, тие создваат проблеми внатре во Македонија на меѓуетнички план. Охридискиот договор кој беше појдовна точка за заедничи соживот во земјата, со ваквото однесување се става во опасност. Исто така е нормално, што на грчкиот национализам се одговара со македонски национализам, сето тоа создава проблеми. Затоа можеби Грција ќе си создадеше добро и себеси, а не само на соседот, ако прифатеше да започнат преговорите. На тој начин ќе се помогне за развојот на демократијата во Македонија, нагласува претседателката на комисијата за култура при Европскиот парламент.
Пак изрази и убедување дека грчкото претседателство ќе направи чекор напред. - Вистински се надевам дека за време на грчкото претседателство, ќе направат еден чекор кон понормално, би рекла и ‘похристијанско’ однесување и дека европска Грција ќе реагира како членка на ЕУ и ќе најде за време на нејзиното претседавање едно решение за прашање кое не заслужува да го блокира секое движење на Македонија кон Европа, истакнува Пак.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа