(ФОТО) Безбедно отстранета опасната рачна бомба во с.Длабочица, кривопаланечко
ДЗС денеска информираше дека во атарот на село Длабочица, Општина Крива Паланка, пронајдена е германска рачна бомба од Втората светска војна.
Ова неексплодирано убојно средство (НУС) претставува сериозна опасност, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Искусен пиротехничар на ДЗС, Ѓорѓи Стефанов од Битола, безбедно ја отстранил бомбата по претходна проверка за спречување на самоактивирање. Бомбата е пренесена на безбедно место, од каде што ќе биде уништена.
ДЗС апелира до граѓаните да не допираат или поместуваат пронајдени предмети што личат на НУС, туку веднаш да ја пријават нивната локација на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК). По пријавата, ДЗС, во соработка со МВР и други служби, безбедно ја отстранува опасноста.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа