Застрашувачка несреќа во Хрватска: Се движел со 150 км/ч, летнал во воздух и почнал да се врти па удрил во жена

 


Жена загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 19 часот во Сплит, кога возачот на автомобил „Тесла“, додека возел со голема брзина, ја изгубил контролата и излетал од патот.

Трагедијата се случила на раскрсницата на улиците Велебицка и Слободе, во близина на зградата „Сунчани сат“, објавува „Слободна Далмација“.

Очевидци на ужасната несреќа велат дека возачот што ја предизвикал несреќата возел со неверојатно голема брзина. Тие тврдат дека сигурно се движел со најмалку 120 км/ч, додека други велат дека се движел со брзина од 150 км/ч со „Тесла“.

Возачот на Тесла, откако дивеел по патот, наводно удрил во „бубамара“, бетонска пречка во форма на полутопка на тротоарот, изгубил контрола, а возилото завршило во воздух и се превртело неколку пати поради големата брзина.

На семафорот пред него имало возило кое го „прелетал“ и го зафатил во тој процес, по што, според сведоците, удрил во жена која била близу до семафорот. Несреќната жена се обидела да избега, но не успеала.

„Се слушнал ужасен звук, тресок, тресок, сопирање... Удрил три пати. Дивеел со Теслата со 150 км/ч и ја убил жената“, рекол еден од присутните граѓани.

Според првите неофицијални информации, возачот имал 33 години, не е евидентиран за никакви прекршоци, вклучително и сообраќајни прекршоци, а со него во „автомобилот на смртта“ имало уште двајца мажи.

29.05.2025 - 10:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега