Кој е новиот претседател на Уставен Дарко Костадиновски?

 

По неколку неуспешни обиди Уставниот суд конечно доби претседател. Засега нема информации колкава поддршка добил судијата Дарко Костадиновски, но за избор на претседател потребно е двотретинско мнозинство, односно шест од девет гласа „за“.

Уставниот суд доби претседател по 10 неуспешни обиди за гласање. Претходно денеска се гласало за Осман Кадриу кој повторно не го доби потребното мнозинство, а во изминатите три работни дена на гласачкото ливче запишани беа имињата на Татјана Васиќ Бозаџиева и на Ана Павловска Данева.

Кој е Дарко Костадиновски?

Дарко Костадиновски за судија во Уставниот суд е избран на 11 јануари 2018 година. 

Роден е на 27 ноември 1974 година. Во неговата биографија се вели дека на Правниот факултет Јустинијан Први дипломирал во 1997 година. Во 2008 година станува Магистер на правни науки, а во 2012 година и Доктор на правни науки. Магистрира на темата „Меѓународната арбитража во современите меѓународно политички односи (на граница помеѓу правото и политиката)”, а докторира на темата „Советодавната надлежност на Меѓународниот суд на правдата: правни последици на советодавните мислења на судот”.
Од 2001 до јануари 2018, работи во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија. До 2010 година работи како асистент на советникот за надворешна политика, и Раководител на одделението за ЕУ и НАТО.
Од 2010 до 2018 е државен советник за надворешна политика.
Од 2015 до јануари 2018, ја извршува должноста Пратеник на Република Македонија во Алијансата на цивилизациите на Обединетите нации.
На 11.01.2018 кога е избран за судија на Уставниот суд на Република Македонија.
Има земено учество на бројни меѓународни и регионални Самити, Конференции и Форуми , од областа на меѓународното право особено во рамките на Обединетите нации и Советот на Европа, како и дипломатска академија и обука во рамките на “World learning”, во САД.
Автор е на книгите:
„Меѓународна арбитража”, 2008 година
„Меѓународниот суд на правдата – неопходност од реформи и промени (Советодавните мислења и нивните импликации)” 2015 година

Што поседува?

Во анкетниот лист кој Костадиновски го пријавил во 2018 година, кога и стана судија во Уставниот суд тој пријавил дека заедно со својата сопруга по пола поседува стан од 43м2 во Охрид. На име на неговата сопруга запишан е стан од 98 м2 квадратни во Скопје, а тој лично поседува плац од 1.000 м2 во скопско Сопиште.

Во ставката за подвижен имот запишан џип, Хјундаи Тусон од 2016 година.

Како приход од авторски права, Костадиновски пријавил речиси 5.000 евра. Во македонските банки, на девизна штедна книшка тој има 5.350 евра. Неговата сопруга има депозити во три домашни банки во вкупна вредност од 17.000 евра. На три штедни сметки на име на нивните деца тие имаат близу 10.000 евра.

04.06.2024 - 14:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега