Тешка сообраќајка пред Битола: Еден загинат и тројца повредени
Едно лице го загуби животот, а уште три се повредени во трагичната несреќа која се случи вчеравечер на магистралниот пат Битола-Ресен, во близина на селото Братиндол- Битолско.
Во 19:32 часот се случила несреќата во која учествувале две патнички возила со марки ,,бмв” и марка ,,рено клио”. Возилото ,,бмв” управувано од Б.Н.(24), а во него сопатник К.Ш.(25) и двете лица од Ресенско. Патничкото возило ,,рено клио”, со охридски регистарски ознаки, било управувано од Г.С.(50) од Охрид и во него сопатничка била Н.С.(55) од Охрид.
Лицето Г.С(50) кое нго управувало возилото со марка ,,рено клио” им подлегнало на повредите и кај него е константирана смрт-доктор од Клиничката болница во Битола.
Екипата на СВР Битола изврши увид на лице место. Протокот на сообраќај ќе се одвива на релација Битола-Ресен, по стариот пат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа