ЈО: Се вршат претреси на повеќе локации - сомнежи за мито и проневера во службата

 


Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејствија за обезбедување докази во предмет за кривични дела примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење. Во тек се претреси на локации во Скопје, за што е обезбедена наредба на судија на претходна постапка, а се преземаат и други дејствија, се вели во соопштението на Обвинителството поврзано со инфорамцијата за претреси во домот на екс директорот на Службата за општи и заеднички работи на владата, Пеце Мирчевски.

Пресс24 веќе објави дека Финансиската полиција утрово го привела екс директорот на СОЗР Пецо Мирчевски. Според нашите информации, во моментов се вршат претреси во неговиот дом. Полицијата го сомничи за случаи поврзани со злоупотреба во Службата за општи и заеднички работи на Владата.

05.02.2025 - 11:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега