ФОТО: Со Фросина било и нејзиното кученце - Го шетала кога Васил ги прегазил
Здружението „ЛИНА Спаси живот, добиј живот, помогни на животните" од Кавадарци, на својата Фејсбук страница објави дека во моментот на кобната несреќа во која животот го загуби младата Фросина Кулакова од Неготино, со неа било и нејзиното кученце.
Аја била најдена под автомобилот на Васил Јованов кој ја прегази младата девојка.
Во продолжение ви го пренесуваме нивниот статус во целост:
Ќерко наша , толку добрина имаше во тебе, толку милост , убавино наша..
Како и секоја вечер со твоето душиче , со твоето пријателче Аја, за која ти се грижеше одговорно.
Бевте љубов , поврзани, си имавте свој јазик заеднички , како и многу други кои своите миленичиња се дел од семејството.
Голем љубител на кучиња, на се она што носи душа во себе..., за разлика од нејзиниот убиец кој немаше емпатија кон се живо.
Кобната вечер кога нашата мила Фросина со својот неразделен другар, нејзина Аја, поминуваа на пешачки...
Радосни, среќни, две души сплотени кои си беа верни една друга..ве сруши убиецот.
Фросина ја покоси наркоман, дилер, пијаница, разгалено монструмче...
Ја покоси заедно со нејзината душа миленичка, нејзината Аја..
Никој не ја спомна Аја..која откако и ја одзема нејзината милостлива Фросина, ѓаволот со неговото оружје со над 150 км на час ги исфрли на ладниот асвалт..
Фросина ..за Аја беше поврзаност, беше нејзина заштита, љубов, среќа, заедно беа нонстоп, неразделни.
Кобниот момент кога Фросина и Аја слободно поминуваа на пешачки, на зелено...ги сруши некое си прчло наркоманско, со над 150 км/ч и тоа на црвено за возилата.
Ја УБИ Фросина...на лице место.
Аја ..и ја скрши ногата, и ги раскрвари очите ..чија крв беше и на твојот автомобил ВАСО УБИЕЦ,..
Фросина и Аја беа една душа..си веруваа и не се разделуваа.
Откако..гадот ја уби Фросина...неговиот автомобил го паркирал пред влезот на наејзината зграда.
Фросина душа златна..немоќна....веќе во прегратка на ангелите, само немо се борела преку нејзината душа , да ја заштита нејзината Аја..
Но Аја каде те најде мила Фросинче...
Аја..која со скршена нога, и со раскрварени очи , од ударот кој ве покоси убиецот. каде душо мила да те најде..да ја заштитиш...
Ах Фросинче..
Твојата Аја лојална , барајќи те тебе..да ја заштитиш..да ја гушнеш..нашла безбедност во темината..
И тоа Фросинче наша..твојата Аја се скрила под автомобилот кој те уби ..паркиран пред твојата зграда..откако ве удри заедно..
Аја те чекаше Фросинче, под автомобилот на убиецот, затоа што мислеше дека си тука во близина..
Твојата Аја е тажна....Фросина..
Се барате една со друга...
Од среќни и насмеани ве раздели некое наркоманче буржоазиско..
Аја те гушка Фросинче....
Добра..е..и многу и недостигаш...
Души златни....кои само сакавте слободно да чекорите низ таканаречените безбедни улици, затоа што бевте одговорни и почитувавте закони.
Сега ти си во земја Фросинче, Аја ..тажи по тебе..а ѓаволот..кој ве раздели, суди му ти Фросинче...а ние ќе го докрајчиме....
Аја ..е добро..само е тажна по тебе..
За некого беше само куче кое не постоеше..
Но ФРОСИНА и АЈА беа прегазени заедно на пешачки...
05.02.2025 - 09:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа