ВИДЕО: Фросина насмеана и полна со живот - "Ширеше добрина и без да се трудиш"

 

Институтот Изет Цури објави емотивно видео и порака за младата Фросина Кулакова, која беше прегазена со автомбил и трагично го загуби животот на булеварот Партизански Одреди.

- Ти беше најсреќната и највредната личност што ја познававме. Твојата смеа ги исполни училишните ходници, правејќи ги и најлошите денови добри. Без разлика на тоа што се случува, секогаш имаше широка насмевка на лицето и сите ги поздравуваше, како да се најдобриот дел од нејзиниот ден. Толку се грижеше за луѓето околу тебе, секогаш подготвена да помогнеш, секогаш ширејќи добрина без воопшто да се трудиш. Тешко е да се поверува дека некој полн со живот како тебе повеќе не е тука. Училиштето се чувствува попразно, потивко и ништо не е исто без тебе. Но, ние секогаш ќе те паметиме. Твојата смеа, твојата добрина, твојата светла енергија, остави трага на сите нас. Секогаш ќе те носиме со нас, наша убава Фросина. Почивај мирно ангелче. Секогаш ќе ни недостасуваш, пишува во објавата на Инстаграм.

Претходно и реномираниот моден дизајнер Изет Цури кој и бил професор на прегазената Фросина Кулакова, од неа се прости на социјалните мрежи.

- Најдобриот студент кој го имавме. Збогум ангелу!, напиша тој.

Младата Фросина Кулакова од Неготино прерано го загуби животот кога на неа налета возач и ја прегази на пешачки премин на булеварот Партизански Одреди.

22-годишната млада девојка, инаку модна дизајнерка, беше прегазена на пешачки премин, кај Силбо, од 20-годишниот возач Васил Jованов.

 

05.02.2025 - 10:56

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега