Невреме со пороен дожд, град и силен ветер во следните два дена, потоа нов пресврт на времето
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денес и утре времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР.
Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15 l/m²), силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Во среда ќе има изолирана појава на нестабилност и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и топло со пораст на дневната температура, информираше УХМР.

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа