Гужви на повеќе граници: Повеќе од половина час се чека на Ќафасан, Богородица, Табановце
На граничниот премин Ќафасан времето на чекање е околу 40, на Табановце и Богородица околу 30, а на Блаце е 20 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила
Од денеска до 16 септември 2025 година, на делницата Градско – клучка Дреново, која е дел од Експресниот пат А1 и Коридорот 10д, ќе важи времен изменет режим на сообраќај поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“. Сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа