Граничниот премин Делчево затворен во среда: Сообраќајот ќе биде во прекин од 8 до 14 часот
Регионалниот центар за гранични работи „Исток“ информира дека в среда граничниот премин и граничен надзор „Делчево“, односно од бугарска страна ГКПП „Станке Лисичково“ целосно ќе бидат затворени за секаков сообраќај од 8:00 до 14:00 часот.
Како што информира МВР, според официјалното известување добиено од бугарските гранични полициски служби, причина се градежните работи на патната делница кај ГКПП „Станке Лисичково“.
По завршувањето на работите сообраќајот и функционирањето на граничните премини ќе продолжи непречено да се одвива.
04.08.2025 - 15:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа