Страшна сообраќајка во Гевгелија: Со „мицубиши“ удрил во дете, па во паркирано возило

 


Вчера во 13:10 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на ул.„Моински пат“ во Гевгелија, патничко возило „мицубиши“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.С.(20) од Гевгелија, удрило во 11-годишен малолетник од Гевгелија, а потоа и во паркирано патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки.


 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди малолетникот, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Струмица. 

06.08.2025 - 14:26

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега