Таткото на Фросина: Во очи ве лажат - Васил возел со 160 или 180 километри на час
Таткото на Фросина, Тодор Кулаков, скршен од болка вчера гостуваше во Топ Тема во Дневникот на Сител, каде говореше за страшната несреќа во која неговата ќерка Фросина Кулакова го загуби животот.
- Велат дека возачот возел со 130 километри на час. Ве чажат во очи! Цела јавност ја лажат. Пежо, знаеме какво количе е, јас сум техничко лице, знам да спојам елементарни работи. Кола со мала маса со 130, да летне девојчето, да лета 10 метри во воздух и на столбот од семафорот да се прекрши и таа и столбот? За што зборуваме, си вреѓаме ли интелигенција?, праша таткто на Фросина.
Тој најави дека ќе бара експертиза и од Машинскиот факултет и од други независни тела. Според Кулаков, брзината со која возел Васил Јованов е над 160 или 180 километри на час.
Таткото на Фросина истакна дека ќе бараат максимална казна, казна доживотен затвор.
Младата Фросина Кулакова од Неготино која прерано го загуби животот кога на неа налета возач и ја прегази на пешачки премин на булеварот Партизански Одреди, денеска ќе биде испратена во вечниот дом.
22-годишната млада девојка, инаку модна дизајнерка, беше прегазена на пешачки премин, кај Силбо, од 20-годишниот возач Васил Jованов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа