Од четврток попладне нова промена на времето - следната недела пресврт

 

Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта кон четврток наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер, соопшти УХМР.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Од УХМР информираат дека во четврток наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Потоа во петок и сабота ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура. Ново дестабилизирање на времето со локален пороен дожд и грмежи се очекува во недела и во првите денови од следната седмица.

29.07.2025 - 12:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега