ДПА „мава“ со токмак во Собрание
Споменикот на Цар Душан на Мостот на цивилизациите стана плодно поле за собирање на политчки поени во албанскиот политчки блок. Додека ДУИ покажува кое е најниското ниво до кое може да отиде, ДПА во страв да не заостане во политичката трка, во свој стил, прави драма во Собранието.
„И кога има раздор во јавноста, кога има скандал, тие не прават ништо, туку манипулираат за да добијат политички поени. Со скандалите што ги прават самите организираат акции, како што беше и акцијата „Токмак“ за уривање на споменикот на цар Душан. Но, господ е голем! Ние бевме сведоци на акцијата „Токмак“, и сега сме сведоци на манипулација на јавноста од страна на ДУИ. Ермира Мехмети, претседател на Комитетот за односи меѓу заедниците, беше да ја гледа акцијата, но не најде време да свика седница на Комитетот каде што ќе се зборува за тоа“ – рече пратеникот Беким Фазлиу и на ДУИ им подари токмак. Фазлиу е познат по драматизирањето на собраниската говорница, а јавноста ги памети и изјавите со палењето на Собранието.
Му реплицираше пратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети, која решила, дека не е важно кој го предводеше вандализмот на рушење а споменикот, туку кој го поставил.
Кога демонстрантите го урнаа споменикот на Ленин во Киев, тогаш тоа го нарековме борба за демократија, не знам зошто ова се толкува како вандализам, веројатно затоа што толкувањата се етнички ориентирани, не се принципиелни. Се бориме за демократија во која не може да се поставуваат споменици на арбитрарен начин, кои провоцираат и повикуваат на конфликти. Дали мислите дека некој се гордее што функционери на ДУИ на свој грб ги плаќаат цените на нивниот кредибилитет. Мислите дека е лесно некој да ве нарекува вандали и насилници во јавноста. Цената не е мала, цената не е ниска, напротив, цената е иднината на Република Македонија. Ние веруваме во таа иднина и затоа сме подготвени врз наш грб да ги плаќаме тие големи цени – вели Ермира Мехмети.
Македонскиот политички блок си има свои битки, па некако, споменикот отиде во втор план, а на чело избија стечајците кои специјално за протести пред Собранието, вчера си ги донесе СДСМ директно од Куманово.
Владејчката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение повика вандализмот да биде казнет.
А.С.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа