Завршени градежните работи на улица Македонско Косовска Бригада, во општина Шуто Оризари

 

Денес се завршија градежните работите на крак 38 на улицата Македонско Косовска Бригада,  во Општината Шуто Оризари.  

„По налог на Град Скопје екипите на ЈП Улици и патишта, успешно го реализираа овој проект, при што жителите на Шуто Оризари во должина од 450 метри добиваат 1800 квадратни метри нова патна инфраструктура и решение за дологодишните проблеми во овој дел од градот.“-информираат од Град Скопје.

Град Скопје, планира на овој потег со меѓуопшитнска соработка со Општината Шуто Оризари да отпочне со градежни активности и на краците 49 и 50 што се од витално значење за граѓаните чие барање се реализира по 30 години.

-Нашите сограѓани заслужуваат да се слушне нивниот глас и реализираат нивните барања. Главната цел на тековните градски градежни активности во Скопје е градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел.-велат во соопштението.

21.06.2023 - 18:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега