Принцот Хари и Меган не се побезбедни во САД отколку во Британија

 

 

Принцот Хари е во долготрајна безбедносна битка со британскиот Хоум офис (министерство за внатрешни работи) додека се обидува да добие кралска заштита откако во 2020 година се повлече од кралските должности.

Двојката се пресели во САД набргу по нивното повлекување од кралското семејството.

Сепак, се чини дека нивната безбедност сè уште е загрозена бидејќи парот се справи со два проблема само неделава. Од бркање со автомобил до демнач пред нивната куќа во Калифорнија.

Според „Сан“, принцот Хари и Меган цели два часа биле следени на улиците на Њујорк откако напуштија гала-вечер, каде што Меган доби признание за својот придонес во борбата за правата на жените.

Ова се случило откога еден човек претходно беше уапсен бидејќи со часови стоел пред нивната куќа во Монтесито, како што објави ТМЗ. Претставник на канцеларијата на шерифот на округот Санта Барбара потврди дека добиле повик во 2 часот наутро во понеделникот од обезбедувањето на принцот Хари и Меган.

Кевин Гарсија Валдовинос (29) бил фатен од обезбедувањето на принцот Хари пред полицијата да го приведе. Истрагата е во тек, соопштија детективите на канцеларијата на шерифот во Санта Барбара.

Се претпоставува дека Кевин бил ослободен со кауција од 2.500 долари по инцидентот и сè уште не е јасно дали семејството Сасекс било дома кога натрапникот се обидел да влезе во домот.

19.05.2023 - 21:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега