СДСМ повторно во бојкот

 

Нема да учествуваат во работата на Комисијата за настаните од 24 декември, и нема да дадат поддршка на законите за кои е потребно двотретинско мнозинство. Најголемата опозициска партија повторно најави бојкот, се додека не се овозможи претседавачот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ да се брани од слобода, пишува Вечер

"Не постои ниту еден правен основ претседавачот на Советот на Општина Центар да е во притвор. Ниту може да го повтори делото, ниту да влијае на сведоците. Ниту пак има намера да избега од земјава, рече Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ. Напротив, додаде тој, Шиповиќ самоиницијативно се врати во Македонија, а дополнително раководството на СДСМ понуди сопствен имот како уште една гаранција дека неговата намерата е во фер судска постапка да ја докаже својата невиност.

СДСМ смета на ВМРО-ДПМНЕ му е потребен политички процес за да се блокира работата на Општината со цел да се спречи ревизијата на проектот Скопје 2014".

Од владејачката партија децидни - не прифаќаат мешање на ингеренции во различни видови на власт. Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат претставниците на опозицијата да се вратат во работната група и да ги имплементираат препораките, кои единствено можат да го подобрат дијалогот во Собранието

Слични чекори СДСМ правеше и во 2011 кога беше уапсен Велија Рамкоски. Останува непознато, дали опозицијата ќе најави дека ги ги бјкотира и престојните претседателски избори, како што тоа го правеше во претходните неколку цклуси

10.12.2013 - 23:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега