„Тато, ти благодарам што ми покажа колку сме сиромашни“
Еден ден, човек од многу богато семејство го однесе својот син на патување во село, за да му покаже како таму се живее скромно и сиромашно...
Тие заедно поминаа неколку дена на село, со сиромашните селани.
Кога се враќаа накај својот дом, таткото го праша синот како си поминал на патувањето.
-Супер беше, тато, одговори момчето.
-Виде ли како живеат сиромашните?, праша таткото.
-Да, видов, потврди синот.
-Тогаш, раскажи ми што научи од ова, додаде таткото.
-Видов дека тие имаат четири кучиња, а ние само едно. Ние имаме базен којшто допира до средина од нашата градина, а тие имаат река која тече во недоглед.
Ние имаме светилки во дворот, а тие ги имаат илјадниците ѕвезди. Нашиот двор е до улицата, а тие го имаат целиот хоризонт. Ние имаме мал имот, а тие земја која се протега во недоглед.
Ние имаме слуги кои не служат, а тие им служат на другите. Ние си купуваме храна, а тие храната сами си ја одгледуваат.
Нам не штитат ѕидовите околу нашата куќа, а тие ги имаат пријателите кои постојано ги штитат.
Тато, ти благодарам што ми покажа колку сме сиромашни, заклучи момчето.
Дефинитивно сите можеме да научиме многу од оваа приказна...
Извор: Курир
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа