Ја оставил девојката како тинејџер - се оженил со неа 30 години подоцна!

 

Во животот чуда навистина се случуваат, а за тоа говори и оваа приказна. 48-годишната Менди Афорд 50-годишниот Бери Моат се забавувале додека биле тинејџери но романсата завршила откако тој одлучил да не се појави на еден нивен состанот без никаква причина. Менди не го заборавила, па 30 години подоцна решила да го побара со помош на социјалната мрежа Фејсбук.

- По преубавата недела која ја поминавме заедно, јас го чекав на еден состанок а тој не се појави. Немаше ни адреса ни телефон, па и да сакаше не можеше да ме исконтактира. Срцето ми беше скршено, вели Менди.

Откако се нашле на фејсбук, Британецот се уште не може да се сети зошто не се појавил на тој состанок. Сепак, приказната завршува со среќен крај бидејќи тие двајца повторно почнале да се забавуваат и направиле свадба.

09.12.2013 - 10:40
Фото: 
Кајгана

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега