ВИДЕО: Британскиот премиер казнет откако го тргнал појасот додека возел за да може да сними видео

 

Британскиот премиер Риши Сунак е казнет поради неврзување на појас додека вози, јавуваат британските медиуми.

Според законот, патниците кои не носат појас може да бидат казнети со 100 фунти на лице место, што може да се зголеми до 500 фунти доколку случајот оди на суд.

Од ова правило се изземени оние кои имаат лекарско уверение дека не можат да носат појас од здравствени причини, како и возилата на полицијата, противпожарната и спасувачката служба.

Медиумите потсетуваат дека британскиот премиер Риши Сунак се извинил откако го тргнал појасот додека возел за да може да сними видео за социјалните мрежи.

За време на снимањето тој седел на задното седиште во автомобилот. Неговиот портпарол изјави дека станува збор за „грешка во проценката“ и дека премиерот „верува дека сите треба да носат појас“, пишува Би-би-си.

Сунак го објави видеото на Инстаграм.

20.01.2023 - 20:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега