ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска два дена смислувала што да излаже

 

„Очаен човек прави очајни чекори. Денес требаше Арсовска да излезе и да понуди решение, но таа два дена смислувала што да излаже“. Вака реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со статусот на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во кој пак праша дали Мицкоски имал тајна средба со Ковачевски во таен скопски локал.

На сите прашања што се однесуваат на ВМРО-ДПМНЕ одговорот е НЕ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Е сега кога сме кај прашањата:

Дали на средбата Арсовска Ковачевски е договорено провизија, наместо попуст?

Зошто во договорот за нафта со Пуцко Петрол нема ниту еден процент попуст, а во сите претходни има. Од Костовски, преку Трајновски до Шилегов.
 
И дали е точно дека бугарски автобуси треба да вршат јавен превоз како замена за тековниот?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
06.12.2022 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега