Екс претседателот на Косово ќе го купува Манчестер Јунајтед?

 

Англиски медиуми јавуваат дека поранешниот претседател на Косово, Беџет Пацоли покажал интерес за купување на Манчестер Јунајтед од семејството Глејзер.

Пацоли неодамна присуствуваше на натпревар на Арсенал кој славеше победа над Лестер.

На прашање дали е заинтересиран за купување на Манчестер Јунајтед, Пацоли одговорил „Во ред, ќе го погледнам тоа“.

Глејзери официјално ја покренаа продажбата на Јунајтед по речиси 18 години сопствеништво. За продажба на клубот бараат цена од пет милијарди фунти.

Пацоли беше вториот претседател на Косово од февруари 2011 до април 2014 година.

01.12.2022 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега