Денеска и утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради Штајнмајер

 

Во официјална посета на Македонија денеска и утре ќе пристигне делегација предводена од Претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер.

Од тие причини, СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

29.11.2022 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега