Арсовска им порача на приватните превозници да ја бараат правдата на суд
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска во Советот на Град Скопје им кажа на приватните превозници да си ја бараат правдата на суд.
Арсовска вели дека го поддржува правото на протест, но со блокирање на улици штета трпат само граѓаните.
„ЈСП Скопје на почетокот на мандатот работеше со 140 исправни автобуси, а во овие 12 месеци ставивме дополнителен број на автобуси и сега има 270 кои се исправни. Ако некој решил да го опструира јавниот интерес, нека му служи на чест“, кажа Арсовска.
28.11.2022 - 18:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа