Просечната плата во Македонија 31.812 денари - за 57 денари помала од претходниот месец
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули годинава изнесува 31 812 денари и е за 11,5 проценти повисока од просечната плата во истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17,8 проценти), Стручни, научни и технички дејности (17,5 проценти) и Уметност, забава и рекреација (16,3 проценти).
Според податоците на ДЗС, намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4,3 проценти), Рударство и вадење на камен (3,9 проценти) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3,9 проценти).
Во јули годинава просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен изнесувала 47 590 денари.
Просечната нето плата во јуни, изнесувала 31.869 денари што значи дека јулската плата е за 57 денари помала
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа