Бектеши бара да се штеди струја и во џамиите и во црквите
Крешник Бектеши, министерот за економија бара да се штеди електрична енергија и во џамиите и во црквите. Тој на денешната прес-конференција изјави дека побарал поддршка од поглаварот на ИВЗ, реисот Шаќир Фетаху за почитување на мерките за штедење на струја од страна на ИВЗ и нејзините верници.
Кажа дека ќе побара поддршка и од Македонската православна црква, со цел полесно надминување на кризата со електричната енергија.
„Голема поддршка ќе биде секоја порака што ќе излезе од страна на ИВЗ, а тоа ќе се сподели преку џамиите до сите верници, било тоа да се Албанци, Турци..Тоа е многу важно заради тоа што секое штедење го помага семејниот буџет, воедно ги помага и институциите во делот да се намалат трошоците, а и потребите во делот на потрошувачката заради тоа што имаме одредена потрошувачка која е на регулиран, а другата на слободниот пазар, за да се ослободат количетва со кои може да се помогне на индустријата која ркеира работни места и на таков начин приходите во нашите семејства да не се скратат“, изјави министерот Бектеши.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа