ССМ: За една година животот станал поскап за 75 евра – синдикалната кошничка речиси 39.000 денари
Порастот на цените и растот на инфлацијата која за месец мај изнесува 11,9% влијае врз намалувањето на куповната моќ на работниците и доведува до осиромашување на целокупното население.
Според анализата на ССМ, зголемувањето на минималната синдикална кошничка расте поради енормниот пораст на цените. Најголемо зголемување има кај исхраната и пијалоците за 3,3% во однос на предхониот месец март 2022 година, додека пак споредено со предходната 2021 година истиот месец зголемено е за 17,0% . Синдикалната минимална кошница за месец мај изнесува 38 791,00 ден. и од јануари 2022г ( 35 811.00 ден) е зголемена за 2 980.00 денари односно 8,32 %.
За само една година или од претходната 2021 година истиот месец мај кога синдикалната минимална кошница изнесувала 34.156,00 денари истата е зголемена за 4.635,00 денари односно 12,78%.
Од месец во месец, драстично се зголемуваат трошоците за живот на едно четиричлено семејно домакинство, а платите не го следат истиот раст. Истото го покажува и самата пресметка на синдикалната минимална кошница што ССМ ја пресметува секој месец.
Затоа ССМ со право бара зголемување на платите на сите вработени како во јавниот така и во приватниот сектор и покрај евидентите противања на одредени субјекти кои се против зголемување на платите на работниците. ССМ бара оваа пресметка на синдикалната минимална кошница, како и зголемувањето на трошоците за живот да бидат причина веднаш да се пристапи кон склучување на Општиот колективен договор за јавен сектор со зголемување на платите на работниците согласно порастот на минималната плата и истите да се зголемат платите за најмалку 2806,00 денари во нето на секој работник во јавен сектор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа