"Жалам што го засрамив семејството" - две години затвор за директорот на Велешкиот музеј

 

Петре Костов, директорот на Велешкиот музеј, денеска доби казна затвор во траење од две години за кражбата на тетрадрахми од музејската збирка. Кражбата беше извршена летово, а се работи за монети од времето на Александар Македонски, изработени во ва­ви­лон­ски­те ковачници.

Директорот во судницата го призна делото кое го направил и изрази жалење: - "Знам дека згрешив, казната која ќе ја добијам, ќе ја одлежам. Жалам што им на­не­сов срам на моето семејство и на колегите од работа. Се каам за стореното", изјави Кос­тов, пренесе Вест.

Инаку, кражбата била извршена на тој начин што тој ја отклучил вратата од канцеларијата на отсутната служ­бе­нич­ка, па го отклучил бирото каде што бил сефот, го отклучил, ги зел двете монети и си ги однел дома. 

25.11.2013 - 16:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега