Статистика: Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи
Откупот и продажбата на земјоделски производи во првото тримесечје од годинава се зголемени за 3,4 отсто во однос на истиот период лани. Вкупно се откупени и продадени земјоделски производи во вредност од 4,85 милијарди денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 1,8 отсто, a кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано зголемување за 18,8 отсто.
При тоа, зголемување е забележано кај сите производи, освен кај индустриските растенија, овошјето и другите земјоделски производи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа