Комисијата за финансирање и буџет ќе продолжи да расправа за Буџетот за 2014
Комисијата за финансирање и буџет денеска ќе ја продолжи расправата за Предлог-буџетот на Република Македонија за 2014 година и за Предлог - законот за негово извршување.
Седница ќе одржи и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Членовите на Комисијата ќе расправаат за предлозите за изменување и дополнување на законите за извршување на санкциите и за управни спорови.
Комисијата за труд и социјална политика ќе го разгледува Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита, за што ќе расправа и Законодавно правната комисија. На дневен ред на денешната седница се и предложените измени и дополнувања на законите за заштита на децата, за извршување на санкциите и за за управни спорови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа