Одбележан Меѓународниот ден на трудот, се бараат повисоки плати

 

Линеарно зголемување на платите веднаш за најмалку 2.806 денари и потпишување Општ колективен договор во јавниот и приватниот сектор со кој ќе се регулираат зголемувањето на платите и враќањето на изгубеното право на К-15, се клучните барања на ССМ кои од вчерашниот првомајски протест, и беа испорачани на Владата.

ССМ потенцира дека товарот на кризата не смее да падне само врз работникот. Повеќе нема време за чекање и барањата мора да се исполнат ден поскоро, зашто работникот е доведен до работ на егзистенција, порачаа оттаму. Владата, пак, вети заедничка борба со синдикалците за унапредување на работничките права и за повисоки плати.

Имавме многу причини за организирање на протестот. Со месеци наназад укажуваме на стагнирање на државата и на продлабочување на кризата. Огромниот товар од кризата не смее да падне само на грбот на работникот. Со овој протест сакаме да укажеме дека во овие клучни моменти државата, Владата и работодавач не покажаа волја, што резултираше со замирање на социјалниот дијалог. Товарот на кризата мора да го понесат сите, а не само работниците кои се доведени до работ на издржливост. Така веќе не може, ви оставивме премногу време, рече Иван Пешевски, потпретседател на Синдикатот на градежници.

Тој напомена дека ССМ не почнува протест без да бидат искористени сите можни преговарачки услови. Работниците, дополни, веќе нема да чекаат, а Владата треба веднаш да ги разгледа и усвои предложените синдикални барања.

02.05.2022 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега