Темелковски во работна посета на Тирана
Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски од денеска е во посета на Тирана на состанок со партнерите од проектот „Заштита и одржливо користење на биодиверзитетот во Преспанското, Охридското и Скадарското Езеро“.
Покрај него на средбата ќе присуствуваат и претставници од Албанија и од Црна Гора со цел размена на информации за структурата на националната заштита на водените басени на трите езера, како и за статусот, можностите и предизвиците за воспоставување на прекугранична соработка во заштитата на овие водени ресурси.
20.11.2013 - 11:20
Фото:
МИА
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа