Три активни пожари во земјава, седум изгаснати до пладнево
Според најновите информации до 12:30 часот, на територијата на Република Северна Македонија моментално се активни три пожари на отворен простор. Пет пожари се под контрола, додека седум се целосно изгаснати. Вкупно се евидентирани 15 пожари.
Активни пожари:
-
Општина Василево, Радовиш и Берово: Во атарот на село Нивичино, на планините Голем Готен и Малешевски, гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.
-
Општина Прилеп: Во село Бешиште, кај местото Бешишки Рид, со краци кон село Градешница (Општина Новаци) и кон границата со Грција. Зафатена е мешана шума, но интервенцијата е отежната поради детонации.
-
Општина Прилеп и Кавадарци: Помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен (Прилеп) и Галиште и Трстеник (Кавадарци), гори мешана шума и нискостеблеста вегетација.
Пожари под контрола:
-
Општина Македонски Брод: Село Грешница (мешана шума и сува трева).
-
Општина Македонски Брод: Село Латово (ниска вегетација и деградирана шума).
-
Општина Штип: Помеѓу селата Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева).
-
Општина Карбинци: Село Јунузлија (шума).
-
Општина Македонски Брод: Помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација).
Изгаснати пожари:
-
Општина Македонска Каменица: Село Ќосевица (борова шума).
-
Општина Старо Нагоричане и Куманово: Во селата Облавце, Бељаковце, Довезенце, Орах и Руѓинце, пожарот се ширеше кон село Димонце и село Коњух (Општина Кратово), каде беа загрозени куќи и објекти (ниска вегетација).
-
Општина Кичево: Село Горно Црско (ниска вегетација и ниска шума).
-
Општина Желино: Помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума).
-
Општина Петровец: Село Средно и село Долно Коњаре (мешана шума).
-
Општина Петровец: Катланово (ниска вегетација).
-
Општина Крива Паланка: Село Нерав (висока борова шума).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа