Гласачите му остануваат верни на Трамп
Огромно мнозинство од поддржувачите на американскиот претседател Доналд Трамп кои во текот на викендот ги анкетирала агенцијата на Франк Лунц, се изјасниле дека и натаму ќе гласаат за Трамп и покрај неодамнешните инциденти во Капитол.
„И покрај критиките на сметка на неговото однесување на 3-ти ноември и минатата седмица, 91% од гласачите на Трамп се изјаснија дека повторно би гласале за него доколку денеска се одржат претседателски избори“, истакна Лунц.
Само 25% од анкетираните гласачи на Трамп истакнале дека претседателот е виновен за инцидентите во Капитол кои резултираа со пет загинати. 60% од анкетираните се изјасниле дека потпретседателот Мајк Пенс се однесувал попримерно за време на инцидентите.
Покрај тоа, 78% од 800-те анкетирани гласачи на Трамп изјавиле дека се согласуваат со тврдењата на претседателот дека изборите се „украдени“, а 67% веруваат дека Трамп би бил победник доколку гласовите „точно и чесно биле преброени“.
На прашањето дали претседателот би требало да ја продолжи борбата за да остане во Белата куќа, анкетираните се поделени – 50% сметаат дека треба да ја продолжи борбата, а 50% мандатот да му го препушти на новоизбраниот претседател Џо Бајден.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа