Собраните 12.000 денари на манифестацијата „Велигденско јајце“ донирани на велешката црковно-народна кујна

 

Денеска градоначалникот на Велес Чадиев му предаде 12.000 денари на Митрополитот Повардарски Агатангел, средства наменети за велешката црковно-народна кујна што беа собрани од овогодинешната манифестација „Велигденско јајце“. 

-Познавајќи ја работата на Повардарската епархија на чело со владиката решивме како општина собраните средства да ги донираме токму во црковно-народната кујна и со тоа да направиме еден хуманитарен гест, рече градоначалникот Чадиев.

Градоначалникот Чадиев и владиката Агатангел истакнаа дека успешната соработка ќе продолжи и во иднина и воедно ги повикаа сите хумани граѓани да донираат колку можат.

-Токму кога јас бев претседател на велешкиот совет се донесе одлуката да се отстапи општинскиот објект за изградба на црковно-народна кујна, а ветувам дека и во иднина ќе соработуваме доста успешно, потенцираше Чадиев.

ФОТО: Сител 

 

најчитано сега